• понеделник, 23 декември 2024

Раст на цената на златото по најавата дека Г-7 ќе забрани увоз од Русија

Раст на цената на златото по најавата дека Г-7 ќе забрани увоз од Русија
Берлин, 27 јуни 2022 (МИА) – По најавата на американскиот претседател Џо Бајден дека САД и други земји-членки на Г-7 ќе забранат увоз на злато од Русија, денеска порасна цената на благородниот метал на  светските берзи. На физичкиот пазар цената на златото порасна за 0,6 отсто и унца се продава за 1.838,87 долари. Во фјучерсите на американскиот пазар, златото се тргуваше по 0,5 отсто повисока цена односно 1.840,40 долари за унца. Велика Британија, САД, Канада и Јапонија на Самитот на Г-7 одлучија да го забранат увозот на руско злато во новиот пакет санкции против Москва поради нејзината инвазија врз Украина. Втор најголем приход за Москва е од извозот на злато, Русија годишно произведува од 350 до 380 тони злато. ми/

Остани поврзан