Раст на извозот од 3.2 % во првите пет месеци, само во мај зголемен за 23.44 %
- Вкупната вредност на извозот на стоки од земајава, во периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 3 347.7 милиони евра и бележи пораст од 3.2 % во однос на истиот период лани. Само во мај е забележан раст на извозот од 23.44 %. Вредноста на увезената стока, пак, во првите пет месеци е 4 693.5 милиони евра, што е за 1.0 % повеќе во споредба со претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Скопје, 5 јули 2025 (МИА) - Вкупната вредност на извозот на стоки од земајава, во периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 3 347.7 милиони евра и бележи пораст од 3.2 % во однос на истиот период лани. Само во мај е забележан раст на извозот од 23.44 %. Вредноста на увезената стока, пак, во првите пет месеци е 4 693.5 милиони евра, што е за 1.0 % повеќе во споредба со претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Во периодот јануари – мај 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47.0 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.7 % во вкупната размена.са/лв/
Фото: МИА