• понеделник, 25 ноември 2024

Расте бројoт на заразени со Ковид-19 во Крива Паланка, активни 140 слуачи

Расте бројoт на заразени со Ковид-19 во Крива Паланка, активни 140 слуачи

Крива Паланка, 13 март 2021 (МИА) –   Во општините Крива Паланка и Ранковце, денес се регистрирани нови шест случаи на заболени од Ковид-19, се наведува во извештајот на Министерството за здравство. Со денешните новозаболени бројот на активни случаи вирусот во овие две општини се искачи на 140.

Бројката на регистрирани случаи на Ковид-19 во Крива Паланка е во пораст во изминатите неколку денови, вчера беа регистрирани 11 случаи, а околу десет случаи дневно е просечната борјка на заразени со ова вирусно заболување поради што и општинскиот кризен штаб побара воведување дополнителни мерки на територијата на општината, со засилени контроли од надлежните слуѓби.

-На состанокот беше дискутирано за моменталнта состојба во градот која станува алармантна, голем е бројот на новозаболени и секојдневно расте. Неодговорноста и несовесноса кај граѓаните не се менува. За да може Здравствениот дом во Крива Паланка да ги опслужи заболените со домашна терапија, се апелира на поголема одговорност, совесност и емпатија од страна на сите граѓани. Бараме од Централниот кризан штаб полицискиот час да биде од 19 часот наместо од 22 часот. Апелираме ОВР Крива Паланка да продолжи со редовни контроли со физичко присуство кај заболените и изолирани лица, а не селективно, и да постапуват поригорозно по однос на изрекување на рестриктивни казнени мерки за непочитувачите на забраната и наметнатите задолженија и обврски. Она што е неопходно е Државниот пазарен испекторат да го покрие теренот на Општина Крива Паланка со испектори од други општини или ДПИ со оглед дека сите вработени во подрачната единица на ДПИ Крива Паланка се во изолација, и нема никаква пазарна контрола на територија на Општина Крива Паланка, изјави Изабела Павловска, претседател на општински кризен штаб, Крива Паланка.

Од кризниот штаб  наведуваат дека здравствениот дом ги почитува дадените препораки од заклучоците на штабот и ги надминува аномалиите со кои се соочува, а донесен е и заклучок Јавното претпријатие Комуналец да продолжи интензивно да работи согласно акцискиот план за дезинфекција на јавни површини. ид/бк/

Остани поврзан