• понеделник, 16 декември 2024

Растат приходите на Бундеслигата

Растат приходите на Бундеслигата


Берлин, 5 декември 2024 (МИА) – Раководството на Германската фудбалска лига (ДФЛ), која ги поседува телевизиските права за сите 36 клубови од првата и втората лига, најави дека во следните четири години ќе им плати на клубови вкупен износ од 4,5 милијарди евра.
Според портпаролот на ДФЛ, Ханс-Јоаким Ватцке, тоа значи дека за периодот од сезоната 2025/26. до сезоната 2028/29. лигата ќе инкасира 84 милиони евра повеќе од претходните четири години, што е зголемување за два отсто.
„Покажавме дека оваа лига е многу атрактивна“, изјави Ватцке.
„И покрај економски тешките времиња, нагласена е големата популарност на германскиот професионален фудбал, а довербата и заедништвото во рамките на лигашкиот сојуз се исплатеа. На крајот од интензивниот процес, постигнат е добар финансиски резултат, а клубовите имаат сигурност на високо ниво уште четири години“, изјави извршниот директор на ДФЛ, Штефен Меркел. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан