• среда, 04 декември 2024

Расправата за законот за ЈО заврши, Собранието ќе продолжи со 136. седница

Расправата за законот за ЈО заврши, Собранието ќе продолжи со 136. седница
Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) - Заврши расправата по Предлог-законот за јавно обвинителство, а гласањето ќе се спроведе кога координаторите на пратеничките групи ќе го обезбедат потребното мнозинство, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери. Џафери даде пауза до 22:00 часот кога, како што најави, ќе почне 136. седница на чиј дневен ред се четири точки: разрешувањето на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, Предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта во прво читање. На 135. седница освен Предлог-законот за ЈО е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители. Џафери попладнево рече  дека Собранието ќе работи без прекин, додека не се распушти. Седницата за распуштање е закажана за недела во 12 часот. мч/скс/  

Остани поврзан