• четврток, 09 мај 2024

Расел пред стартот на новата сезона во Ф1: Ред Бул е чекор пред другите

Расел пред стартот на новата сезона во Ф1: Ред Бул е чекор пред другите

 

Лондон, 22 февруари 2024 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, истакна пред претстојниот старт на новата сезона во Формула 1 дека Ред Бул е најголем фаворит за титулата.

Возачот на ферари, Карлос Сајнц беше најбрз денеска на вториот ден од тестирањата во Бахреин и оствари подобар резултат од актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул, кој беше најбрз во средата.

Расел, меѓутоа, го пофали Ред Бул и актуелните шампиони ги нарече „импресивна екипа“.

„Ред Бул е фаворит и дефинитивно е чекор пред сите други. Тоа се очекуваше“, изјави денеска Расел за британскиот сервис Би-Би-Си.

Последниот, трет, ден од тестирањата на патеката во Лусаил е в петок пред стартот на новата Ф1 сезона, на 2 март за Големата награда на Бахреин. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан