• понеделник, 29 април 2024

Рангник и Де Зерби влегуваат во трката за тренерско место во Баерн

Рангник и Де Зерби влегуваат во трката за тренерско место во Баерн

Минхен, 20 април 2024 (МИА) - Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник може да го предводи Баерн.

Според „Sky Sport Germany“, раководството на Баварците за можното назначување на тренерската позиција на 65-годишниот Германец. 

Сериозен кандидат за клупата на Баерн Минхен е и актуелниот тренер на Брајтон, Роберто Де Зерби.

Претходно се дозна дека Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот на сезоната 2023/24. 

Педесетгодишниот Тухел е тренер на Баерн од март 2023 година. Под негово водство клубот избори полуфинале во Лигата на шампионите, но не успеа да ја одбрани шампионската титула во Бундеслигата. Тимот е втор во германското првенство со 63 бода од 29 натпревари. Недостижен на првото место е Баер Леверкузен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан