Рана детекција и брза реакција – за помал ризик од пожари
- Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и директорот на Националниот парк „Маврово“, Харис Ибраими, одржале средба посветена на заштитата на шумите и природните богатства. Како што информираат од ЦУК, главен акцент бил ставен на потребата од модерни системи за рана детекција на пожари – решение кое овозможува навремена реакција, намалување на ризикот и поефикасно справување со пожарите во критичните летни месеци.
Скопје, 27 август 2025 (МИА) – Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и директорот на Националниот парк „Маврово“, Харис Ибраими, одржале средба посветена на заштитата на шумите и природните богатства.
Како што информираат од ЦУК, главен акцент бил ставен на потребата од модерни системи за рана детекција на пожари – решение кое овозможува навремена реакција, намалување на ризикот и поефикасно справување со пожарите во критичните летни месеци.
На средбата, се посочува, било потенцирано дека националните паркови се вистински бисери на нашата природа и дека нивната заштита не е само институционална обврска, туку и заедничка одговорност која бара континуирани вложувања во технологија.
-Средбата беше искористена за размена на идеи и искуства, како и за дефинирање на конкретни чекори за подобра координација помеѓу ЦУК и националните паркови, со цел зачувување на природните убавини и обезбедување на сигурност за локалното население, стои во сооштението. свс/вг/
Фото: Фејсбук на ЦУК