• петок, 22 ноември 2024

Рамо до рамо со граѓаните на: Валандово, Прилеп, Гевгелија, Ресен, Демир Хисар, Кривогаштани, Могила, Долнени, Центар

Рамо до рамо со граѓаните на: Валандово, Прилеп, Гевгелија, Ресен, Демир Хисар, Кривогаштани, Могила, Долнени, Центар

Скопје, 22 мај 2023 (МИА) - Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска беше со граѓаните на општина Прилеп, каде разговараше за мерките и политиките што СДСМ ги презема кон граѓаните, работниците, пензионерите, но и земјоделците.

- Оваа година имавме најдобра производствена сезона за тутунопроизводителите и рекордни откупни цени.  Целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок. Постигната е рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44 отсто во споредба со реколтата од 2021 година. 26 милиони евра субвенции беа исплатени кон над 15.700 тутунари. Тоа е силна финансиска поддршка за нашите сограѓани овде во Прилеп и најдобар доказ за тоа како СДСМ се грижи за сите граѓани подеднакво, порача Лукаревска.

Таа додаде дека членството во ЕУ отвора нови можности за подобар животен стандард на граѓаните и дека е исклучително важно оваа година земјата да продолжи по европскиот пат.

-Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ. Особено сега кога скрининг процесот тече одлично а преговорите со ЕУ се со обезбеден македонски јазик и идентитет. Време е за глас за Европа во македонското Собрание, да го продолжиме европскиот пат. Имаме историска шанса која треба да се искористи затоа што не знаеме кога повторно ќе ја имаме, рече Лукаревска.

Во Долнени беше членот на Извршниот одбор на СДСМ, Никица Бачовски, заедно со Благојче Трпевски.

- Тутунарите од овој крај имаат на што да бидат задоволни.Дури 80 отсто од откупениот тутун е откупен како тутун од прва класа. Расте и бројот на површини на кои се одгледува тутун што само по себе е доказ за тоа колку е исплатлива оваа култура. СДСМ ќе продолжи да биде вистински партнер на земјоделците, порача Бачовски.

Членот на Градската организација – Скопје на СДСМ Коста Начевски и Маја Манолева беа со граѓаните на општина Центар.

-Заради неспособност, неодговорност и расипништво на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, Скопје денес е со блокирана сметка и му се заканува банкрот и распад на целиот систем. Се потрошија стотици милиони евра пари на граѓаните нема реализирано ниту еден голем проект, јавните претпријатија едвај функционираат а Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат сите проблеми, истакна Начевски.

Во општина Ресен беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски кои пред присутните посочија дека со успешните политики на СДСМ рекордно се зголеми домашното производство на електрична енергија, а инвестициите во обновливи извори на електрична енергија освен што ја зајакнуваат енергетската независност позитивно влијаат и врз заштита на животната средина.

Во Демир Хисар беа Хари Локвенец и Борче Петковски каде истакнаа дека со изградба на коридорите 8 и 10 Д се реализира еден стратешки проект на кој се чекаше со децении, проект вреден 1,3 милијарди евра од кои најмалку 600 милиони евра ќе завршат во домашни градежни компании.

Со граѓаните на Валандово денеска беше Гоце Георгиевски, кој се осврна на успешните политики на СДСМ во земјоделскиот сектор, особено на мерките креирани за младите земјоделци.

-Младите земјоделци ги поддржуваме со два гранта од 10.000 и 20.000 евра за активно да се вклучат во земјоделството со сопствено земјоделско стопанство, а при тоа се ослободени од надоместокот за закуп на државно земјоделско земјиште, истакна Георгиевски.

Тој нагласи дека за прв пат оваа година се обезбедени и стипендии за студентите на земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет во висина од 18.000 денари за девет месеци, а најдобрите студенти од овие факултети имаат можност за платена пракса во институциите и можност за стекнување нови вештини.

Во Гевгелија беше Никола Рилак, заедно со Виктор Велевски, кој истакна дека изминатата година на светска криза покажа колку е важно знаење и посветеност при менаџирањето на енергетскиот сектор.

Пред една година недостигот на енергија и растот на цените на енергенсите и струјата, како и лажните црни сценарија што ги ширеше опозицијата, за рестрикции и енормно покачување на цената на струјата предизвикаа загриженост кај граѓаните, но ние успеавме, струја имаше доволно благодарение на зголемување на домашното производство, а Владата предводена од СДСМ ги заштити граѓаните од ценовни шокови и обезбеди евтина струја за над 72.000 компании, рече Рилак.вј/сст/

Фото:СДСМ

Остани поврзан