Рамос ќе добива 4 милиони евра годишно во Монтереј
- Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид се приклучува на мексиканскиот клуб Монтереј како слободен агент.

Мексико Сити, 3 февруари 2025 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид се приклучува на мексиканскиот клуб Монтереј како слободен агент.
Серхио Рамос ќе заработи 4 милиони евра плус бонуси за тековната сезона, објави новинарот Николо Шира.
Исто така и инсајдерот Фабрицио Романо, лиферува информација дека поранешниот дефанзивец на Реал ден претходно потпишал преддоговор со мексиканскиот клуб на една година.
Последен клуб на 38-годишниот Шпанец беше Севилја, која ја напушти минатото лето. По Реал, Рамос настапуваше и во Пари Сен-Жермен. зс/
Фото: ЕПА