• сабота, 18 мај 2024

Рамос размислува за заминување од Севиља

Рамос размислува за заминување од Севиља

Севиља, 1 април 2024 (МИА) - Ветеранот Серхио Рамос почнува да го истражува трансфер пазарот за да процени какви опции би имал каде да ја продолжи кариерата.

Триесет и осум годишниот дефанзивец минатото лето потпиша договор со Севиља за една сезона, но неговата иднина следната година се уште е нејасна.

Актуелниот договор на Рамос е за околу 2 милиони евра по сезона, значително помалку од понудите што ги имаше пред една година, пишува шпанското издание „Релево“.

На славниот поранешен капитен на Реал Мадрид допрва треба да му биде понуден нов договор со Севиља, поради што се повеќе е заинтересиран за неговите опции во летниот преоден рок.

Серхио Рамос не сака да чека до последен момент за да ја разјасни својата иднина следната сезона. Тој се уште ја чека одлуката од неговиот сегашен клуб пред да го направи својот следен потег.

Екипата на Севиља го зазема 14-то место во привремениот поредок во шпанската Ла Лига со 31 бод, исто колку и 15-тата Мајорка. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан