• понеделник, 29 април 2024

Рама: Ја поздравувам одлучувачка улога на Ердоган во обновувањето на транспорт на украинско жито 

Рама: Ја поздравувам одлучувачка улога на Ердоган во обновувањето на транспорт на украинско жито 

Тирана, 18 мај 2023 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска го поздрави обновувањето со уште два месеца на Црноморската иницијатива за транспорт на украинскo жито.

Тој во објава на социјалните мрежи ја оценува како одлучувачка улогата на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за обновувањето на овој договор.

-Ги повторувам моите честитки до претседателот на Република Турција, Ердоган, за неговата одлучувачка улога. Обезбедувањето непречено снабдување за светските пазари е од витално значење за обезбедување на храна ширум светот, пишува Рама , кој е голем пријател на Ердоган.

Русија и Украина се договорија да го продолжат договорот за транспорт на украинско жито преку Црното Море за уште два месеца.

Договорот е важен бидејќи Украина е еден од водечките светски извозници на пченица. вт/ссм/


Фото од Фб на Рама

Остани поврзан