• вторник, 24 декември 2024

Рама: Орбан е наш традиционален сојузник и драг пријател

Рама: Орбан е наш традиционален сојузник и драг пријател

Тирана, 12 октомври 2024 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека унгарското претседателство значително влијаело на одлуката за отворање на основните поглавја за членство на Албанија во Европската Унија.

Рама сподели неколку моменти од вчерашната посета на Унгарија и средбата со неговиот колега Виктор Орбан, опишувајќи го како „традиционален сојузник на Албанија и драг пријател“.

- Со традиционалниот сојузник на Албанија и драг пријател Виктор Орбан, во пресрет на одредениот ден на отворањето на „фундаменталните“ поглавја, главниот блок на преговорите за членство на „Албанија 2030“ во Европската Унија. Унгарското претседателство со ЕУ силно влијаеше на овој заслужен позитивен развој за Албанија, посочи Рама. 

Рама и Орбан во заедничката изјава по средбата се фокусираа на билатералната соработка, процесот на интеграција на Албанија во ЕУ и други прашања.

Рама истакна дека тој и неговиот колега разговарале за можностите за проширување на билатералната соработка.

Вчера Комитетот на постојани претставници (Корепер два) го одобри заедничкиот став на ЕУ за отворање на првата рунда преговори со Албанија, со што се овозможи одржување на меѓувладина конференција со Албанија на 15 октомври 2024 година во Луксембург.

Албанија ќе биде прва меѓу земјите кандидати што ќе ги отвори преговорите за членство според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западен Балкан. вт/ми/

Остани поврзан