• недела, 22 декември 2024

Рама: Задоволство да испиеш кафе за добредојде во Охрид

Рама: Задоволство да испиеш кафе за добредојде во Охрид
Дебар, 7 јуни 2022(МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама изрази задоволство што попладнево испил кафе за добредојде во Охрид. Тој објави и фотографија од средбата со црногорскиот колега Дритан Абазовиќ и американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил. Во објавата не го крие и задоволството што „од денес и официјално Црна Гора влегува во Отворен Балкан“ и додава дека Хил одамна е пријател на Албанија и голем поддржувач на Отворен Балкан. - Огромно задоволство да се испие кафе во Охрид за добредојде. Задоволството го споделив заедно со премиерот Дритан Абазовиќ, кој денеска и официјално ја вклучи Црна Гора во Отворен Балкан и со амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, кој одамна е пријател на Албанија и Албанците и голем поддржувач на Отворен Балкан, пишува Рама. Црна Гора за првпат учествува на средба на иницијативата „Отворен Балкан“, за што Абазовиќ беше критикуван од дел од јавноста во неговата земја, по потврдата дека ќе учествува во Охрид на осмата средба на оваа иницијатива. вт/вј/

Остани поврзан