• четврток, 21 ноември 2024

Рама: До август 8,5 милиони туристи ја посетиле Албанија

Рама: До август 8,5 милиони туристи ја посетиле Албанија

Тирана, 14 септември 2024 (МИА) – Од јануари до август годинава Албанија ја посетиле околу 8,5 милиони туристи, бројки, кои според премиерот Еди Рама, се преточуваат во супер промоција за државата.

Според него покрај зголемувањето на бројот, се проширила и географската карта од каде доаѓаат странските туристи.

- Околу 8,5 милиони странски посетители уживаа во Албанија од јануари до август оваа година. Не само повеќе по број во споредба со која било претходната година, туку и со разновидност на земји на потекло, каде карактеристичните пазари дефинитивно продолжуваат да се консолидираат, истакна Рама.

Тој доаде дека има се повеќе туристи од далечни и нетипични земји како Мексико, Бразил, Канада, Нов Зеланд и Австралија, но и Азербејџан, Кина и Јапонија, каде што „растечките бројки исто така се претвораат во суперпромоција за Албанија“.

- Туристичката година продолжува со цели групи кои уживаат во атракциите од север до југ, од Алпите до културните знаменитости, историските тврдини и градовите на УНЕСКО, без да ја заборават фантастичната храна која нема споредба и албанското гостопримство на хотелиерите што не прави горди, посочи Рама.

Минатата година земјата ја посетиле над 10 милиони туристи, што беше за околу 2,5 милиони повеќе споредено со претходната година. вт/ми/

 

Остани поврзан