• четврток, 19 декември 2024

Рама го нарече Хараднај лицемерен патриот

Рама го нарече Хараднај лицемерен патриот
Тирана,17 јануари 2020 (МИА) - Албанскиот премиер, Еди Рама, за првпат реагираше по тужбата што ја поднесе пред Основниот суд во Приштина, против косовскиот колега Рамуш Харадинај. Одговарајќи на Фејсбук, на прашањето зошто не бил на Косово да го одбележи масакрот „Рачак“, Рама изрази жалење за оние што го проколнуваат, повторно напаѓајќи го косовскиот премиер во заминување, нарекувајќи го лицемерен патриот. „Жалење и срам за тебе и на секој друг како тебе, кој бесрамно ме навредува и проколнува од Косово за имагинарно предавство и понижување, вперено кон мене од политичари и аналитичари“, наведува Рама. Посочува дека направил, прави и ќе прави се што може за Албанија и за Косово идентично и оти нема намера да се повлече или да се поклони на „оваа армија на клеветници и паразити, зашто јас сум со праведноста и со вистината, дури и кога тоа доцни, но никогаш не заборава“. -Што се однесува до Рачак, на тие невини жртви на српската агресија не им оддава ни најмалку почит вашиот господар навредувајќи ме, исто како што не м се оддава почит жртвите од омраза со тоа што ги користат за ниска политика што ги дели луѓето во патриоти и предавници, напиша Рама. На крај наведува: „Ова беше мојот одговор за тебе, следејќи со големо жалење како ваквата политика го одзема духот и лицето на Косово, во очите на обичните луѓе и големите меѓународни пријатели, кои се повеќе се чудат од политичката неспособност и од патриотската хипокризија лицемерие на оние што настојуваат дека со клевета и омаловажување кон мене, ќе избегаат од своите одговорности пред народот и иднината на Косово, напиша албанскиот премиер.вт/  

Остани поврзан