• понеделник, 23 декември 2024

Рама: Во диктаторската „Пирамида“ во Албанија денес ќе седат некогашните заколнати непријатели

Рама: Во диктаторската „Пирамида“ во Албанија денес ќе седат некогашните заколнати непријатели

Тирана, 16  октомври 2023 (МИА) - Пред почетокот на самитот на Берлинскиот процес во Тирана, албанскиот премиер Еди Рама сподели фотографии од масата на која ќе седнат лидерите на ЕУ и Западен Балкан, во познатиот, сега реконструиран објект „Пирамида“, симбол на албанската диктатура.

Тој нагласува дека Албанија денес е како балканска Европа.

-Добро утро, и на масата на првиот самит на Берлинскиот процес надвор од ЕУ, во диктаторската пирамида во Тирана, каде што ќе седат неговите заколнати непријатели кои со почит и со уште поголема вредност  ја гледаат Албанија и која денес е вредна како Балканска Европа. Поздрав. Имајте добра недела,  пишува Рама.

Денеска во Тирана се одржува самит на Берлинскиот процес, прва средба од такви размери, која за првпат  се организира во земја која не е членка на Европската Унија.

Дел од овој самит ќе бидат најважните претставници на Европската унија, како и лидерите на земјите од Западен Балкан. Учесници ќе бидат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која вчера пристигна во Тирана, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германскиот канцелар Олаф Шолц, чија земја го иницираше Берлинскиот процес.

Во Тирана се и македонскиот премиер Димитар Ковчевски, и косовскиот Албин Курти. Францускиот претседател Емануел Макрон го откажа учеството, но попладне се очекува да допатува во првата официјална посета на Тирана што е прва посета на француски претседател. Претходно неучеството на самирот го потврди и италијанската премиерка Џорџа Мелони. вт/ссм/

Фото: Рама ФБ

Остани поврзан