• вторник, 01 октомври 2024

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Тирана, 15 септември 2024 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија.

- Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот,  ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија, рече Рама.

Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.

-Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона, посочи Рама во поткастот „Зборуваме".

Додаде дека, како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација, која во изминатите осум месеци од годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи. вт/

Фото: принтскрин

Остани поврзан