Ракометната репрезентација доби нов спонзор
- Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денес е објавено ново партнерство – со компанијата Нестле. Официјално, @maggi.macedonia е нов спонзор на македонската ракометна репрезентација.
Скопје, 7 октомври 2025 (МИА) - Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денес е објавено ново партнерство – со компанијата Нестле. Официјално, @maggi.macedonia е нов спонзор на македонската ракометна репрезентација.
Договорот за соработка е со важност две години.
- Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со овој бренд, кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со семејните вредности и секојдневието на нашите навивачи, изјави претседателот на РФМ, Александар Стефанов,
Од името на компанијата Нестле задоволство за можност да се даде поддршка на македонските ракометари изрази Рената Матушиновиќ. зс/
Фото: РФМ