• петок, 05 декември 2025

Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула

Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула

Скопје, 3 мај 2025 (МИА) – ЖРК Ѓорче Петров е старо-нов шампион на Македонија. Ракометарките на овој клуб на убедлив начиндојдоа до нов трофеј. 

Ѓорчепетровки вечерва како гости го победија тимот на Чаир со 37:28 (16:14 полувреме) и со тоа и ја запечатија својата 21-ва шампионска титула.

ЖРК Ѓорче Петров е лидер на првенствата табела со недостижни 33 бода. Втор е Металург Автокоманда со 23 бода и натпревар помалку, Чаир е трет со 21. Следуваат, Вардар СЦЈС 9, Куманово 9 и Астибо без освоен бод. зс/

Фото: ЖРК Ѓорче Петров

Остани поврзан