Ракометарите на Вардар обезбедија финале на „Хумел куп“
- Македонскиот ракометен шампион Вардар ќе игра во финалето на „Хумел куп“, откако попладнево во полуфиналниот натпревар го совлада данскиот Холстебро со 33:28 (полувреме 14:13).

Магдебург, 21 август 2021 (МИА) - Македонскиот ракометен шампион Вардар ќе игра во финалето на „Хумел куп“, откако попладнево во полуфиналниот натпревар го совлада данскиот Холстебро со 33:28 (полувреме 14:13).
Најефикасни на мечот беа Талески и Тото со по шест погодоци, Гурбиндо постигна пет.
Во мечот за трофејот, вардарци ќе се соочат со победникот од средбата Магдебург - Горење. зс/
