Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето во ЕХФ Европскиот куп
- Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето на Европскиот куп на ЕХФ, откако вечерва во драматичен натпревар на реваншот во Сандефјорд го елиминираа норвешки Рунар на пенали.

Сандефјорд, 27 април 2025 (МИА) – Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето на Европскиот куп на ЕХФ, откако вечерва во драматичен натпревар на реваншот во Сандефјорд го елиминираа норвешки Рунар на пенали.
Вечерашниот реванш полуфинален натпревар во регуларниот дел заврши со победа на Рунар со 34-29, со што вкупниот резултат беше израмнет (71-71), откако Алкалоид победи на првиот натпревар во Скопје од 42-37.
Патникот во финалето беше одлучен во пенал серијата во која Серафимов, Митев и Петковски беа прецизни во редовите на Алкалоид, а Рунар не реализираше три седмерци и македонскиот тим забележа историски успех.
Противник на Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот куп ќе биде грчки АЕК, кој во полуфиналните пресметки беше поуспешен од Извиѓач од Босна и Херцеговина. ег
ФОТО: ЕХФ/Фејсбук