• петок, 04 октомври 2024

Раководството на Реал Мадрид незадоволно од настапите на тимот

Раководството на Реал Мадрид незадоволно од настапите на тимот

Мадрид, 3 октомври 2024 (МИА) - Раководството на Реал Мадрид изразило незадоволство од перформансите на тимот од стартот на сезоната и смета дека нивото на перформанси е пониско од минатата сезона и покрај засилувањето на составот, пренесе „Релево“.

Според изворот, шпанските гиганти веруваат дека тимот минатата сезона делувал поорганизирано. Со доаѓањето на новите засилувања во лицата на напаѓачите Килијан Мбапе и Ендрик и заминувањето на играчот од средниот ред Тони Крос од клубот, нивото на тимска дисциплина на теренот опаднала.

Дополнително, во моментов тренерот на „белите“ Карло Анчелоти има сериозна дилема во изборот на стартниот состав, што предизвикува тензија кај играчите“, се наведува уште во информацијата. дс

Фото: Архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан