• сабота, 22 февруари 2025

Раиси: Ќе работиме на укинување на санкциите и подобрување на животниот стандард

Раиси: Ќе работиме на укинување на санкциите и подобрување на животниот стандард
Техеран, 3 август (МИА) - Новиот ирански претседател Ебрахим Раиси денеска порача дека Техеран ќе преземе чекори за укинување на санкциите воведени од САД и ќе работи на подобрување на условите за живот на своите жители. - Ќе се обидеме да ги укинеме тиранските санкции воведени од Америка, рече Раиси, кој ја презеде функцијата во четвртокот. Тој додаде дека неговата влада ќе се обиде да ги подобри условите за живот на населението кое страда од санкции. Шестиот круг индиректни разговори меѓу Техеран и Вашингтон беше прекинат на 20 јуни, два дена откако Раиси беше избран за претседател, а инволвираните страни се уште не објавија кога ќе започне следната рунда преговори во Виена. паг/  

Остани поврзан