• среда, 17 јули 2024

Раиконен ќе го започне белгиското ГП од боксот

Раиконен ќе го започне белгиското ГП од боксот
Спа, 29 август 2021 (МИА) - Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен ќе ја започне трката во Формула 1 во Спа од боксот. Тимот одлучи да ја смени спецификацијата на задното крило на болидот на Раиконен. Светскиот шампион од 2007 година заврши на 19. место во квалификациите и ја доби 18. стартна позиција поради казната на Ленс Строл на Астон Мартин. зс/

Остани поврзан