• четврток, 21 ноември 2024

Разузнавање на САД: Русија против Украина користела севернокорејски ракети

Разузнавање на САД: Русија против Украина користела севернокорејски ракети

Вашингтон, 30 мај 2024 (МИА) - Аналитичари од Агенцијата за разузнавање во Пентагон (ДИА) потврдиле дека остатоците најдени по руски воздушен напад на Харков на 2 јануари 2024 година се фрагменти од ракети со краток дострел изработени од Северна Кореја.

Во извештајот објавен денеска од военото разузнавање на САД се вели дека аналитичари во војната против Украина Русија користела балистички ракети од севернокорејско производство.

Аналитичарите на ДИА исто така укажуваат и не се потесните врски меѓу Северна Кореја и Русија.

Сличен извештај подготвен за комитетот на Советот за безбедност на ОН во април од набљудувачи во комитетот исто така потврдува дека постојат докази дека за ударот што се случил на 2 јануари 2024 година Русија користела севернокорејски ракети. кб/

Остани поврзан