• недела, 22 декември 2024

Разрешен албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи

Разрешен албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи

Тирана, 8 јули 2023 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама доцна попладнево објави дека го разрешува Бледи Чучи од функцијата министер за внатрешни работи.

На негово место го предлага Тауланд Бала, генерален секретар на Социјалистичката партија и координатор на пратеничката група во албанскиот Законодавен дом.

Во објава на Твитер, Рама напиша дека во понеделник официјално ќе ги достави предлозите до шефот на државата.

- Му благодарам на министерот Бледи Чучи за неговата работа како и секогаш коректна и на оваа задача и посакувам новиот министер за внатрешни работи Таулант Бала да продолжи со нашите цврсти државотворни напори во секоја насока, напиша Рама.

Чучи на функцијата министер за внатрешни работи дојде во средината на декември 2020 година по оставката на Сандер Лешај, кој поднесе неотповиклива оставка поради убиството на 25 годишниот Клодијан Раша од страна на припадник на спацијалната полиција „Шќипоња", по што следеа протести во Тирана и други градови во земјата.

Според дел од медиумите, ќе има разрешување и на други високи полициски функционери по "зачестените тешки кривични дела меѓу кои и убиства и вмешаност на полициски службеници во дел од нив". вт/рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан