Разголена фотосесија на Наоми Кемпбел
- На сликите, телото ѝ е покриено само со чантите на брендот „Валентино“.

Лос Анџелес, 9 јули 2020 (МИА) - Супермоделката Наоми Кемпбел на својот Инстаграм-профил објави неколку фотографии на коишто е потполно гола. Тие се снимени во подземната железница во Њујорк.
Како што сама напиша, се работи за необјавени фотографи кои ги направила за модната куќа „Валентино“. На сликите, телото ѝ е покриено само со чантите на брендот.
Многумина од следачите се сложија дека манекенката и на прагот од своjaта шеста деценија, изгледа одлично. си/
