• понеделник, 23 декември 2024

Разгневена толпа во Пакистан запалила куќа и претепала христијанин за наводно сквернавење на Куранот

Разгневена толпа во Пакистан запалила куќа и претепала христијанин за наводно сквернавење на Куранот

Лахор, 25 мај 2024 (МИА) - Стотици гневни муслимани нападнале христијанин во Пакистан, го претепале и му ја запалиле куќата и продавницата за чевли поради обвинувања дека наводно го сквернавел Куранот, соопштија денеска локалните власти. 

Началникот на окружната полиција во Саргода, град во провинцијата Пенџаб, рече дека полицијата дошла брзо и ги спасила животите на двајцата, ја растерала толпата и побарала помош од вероучители за да се смири ситуацијата.

Владата на Пенџаб го осуди нападот.

Еден од најлошите напади врз христијаните во Пакистан беше во август 2023 година, кога гневните толпи запалија цркви и нападнаа десетици луѓе во Џаранвала, област во провинцијата Пенџаб. Муслиманите тогаш тврдеа дека виделе христијанин и негов пријател како го кинат Куранот и ги фрлаат страниците на земја. паг/

Фото: МИА архива
  
 

 

 

Остани поврзан