• понеделник, 23 декември 2024

Разбиена група од Пешкопеја која шверцувала добиток од македонска на албанска територија во близина на Дебар

Разбиена група од Пешкопеја која шверцувала добиток од македонска на албанска територија во близина на Дебар
Дебар, 15 ноември 2022 (МИА) - Полицијата од албанскиот пограничен град Пешкопеја успешно ја финализирала акцијата „Граница" во која е разбиена група шверцери на ситен и крупен добиток. Добитокот бил пренесуван од македонска на албанска територија преку зелениот појас во близина на граничниот премин „Блато“ кај Дебар. - Во рамки на напорите за сузбивање на недозволена трговија, по неколкумесечна истрага и добиени информации по оперативен пат разбиена е уште една криминална група. Во акцијата уапсени се четири лица на возраст од 27 до 30 години, сите жители на Пешкопеја, одземено е возило со кое бил транспортиран добитокот и запленети 64 грла ситен и крупен добиток, стои во полициското соопштение. Се додава дека уапсените меѓусебно, откако го обезбедувале добитокот во Северна Македонија, минувале на албанска територија преку зелениот појас кај Блато, прво го чувале во штали, а потоа го продавале за различни суми на пари. Во соработка со македонската полиција продолжува работата за идентификација на други лица инволвирани во оваа незаконска активност. вт/сх/

Остани поврзан