• понеделник, 23 декември 2024

Радукану поради повреда ќе го пропушти четвртиот турнир по ред, очекува да игра на купот Били Џин Кинг

Радукану поради повреда ќе го пропушти четвртиот турнир по ред, очекува да игра на купот Били Џин Кинг

Лондон, 24 октомври 2024 (МИА) – Британската тенисерка Ема Радукану се повлече од турнирот во Хонг Конг.

Поради повреда на левото стапало таа се повлече за време на четвртфиналето во Сеул, а потоа ги пропушти турнирите во Пекинг, Вухан и Нингбо.

- За жал, нема да можам да играм во Хонг Конг следната недела. Состојбата на моето стапало се подобрува, но ми треба уште малку време за да влезам во форма. Се надевам дека ќе се вратам и ќе го играм овој турнир во иднина! Во меѓувреме, правам се што е можно за да се подготвам за Били Џин Кинг купот, објави радукану на социјланите мрежи.

Купот „Billie Jean King“ започнува во Малага на 13 ноември. Велика Британија во осминафиналето ќе игра против Германија. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан