• среда, 25 декември 2024

Радев: Очекував повеќе од Стефан Јанев како министер за одбрана на Бугарија

Радев: Очекував повеќе од Стефан Јанев како министер за одбрана на Бугарија
Софија, 1 март 2022 (МИА) - Претседателот на Бугарија, Румен Радев ја коментираше смената на министерот за одбрана Стефан Јанев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според него, Јанев бил успешен привремен премиер во тешкиот период за Бугарија и токму таа влада ја започнала промената. Радев истакна дека Стефан Јанев покажал оти со Бугарија може да се управува на поинаков, демократски начин и ја вратил надежта на луѓето. И што е најважно, таа влада организира фер избори за да ги донесе сегашните политичари на власт. Бугарскиот претседател изјави дека како министер за одбрана очекувал од Јанев да биде со поголема иницијатива и ангажман кон проблемите на бугарската армија, и да работи за гарантирање на нејзината борбена способност, како и забрзување на процесот на нејзината модернизација. нк/гт/

Остани поврзан