• четврток, 27 јуни 2024

Рагбистот Бејкер Мејфилд тврди дека видел НЛО

Рагбистот Бејкер Мејфилд тврди дека видел НЛО
Остин, 5 март 2021 (МИА) - Американскиот рагбист Бејкер Мејфилд тврди дека, враќајќи се наавечер од ресторан, близу езерото Тревис во Тексас, видел НЛО. Потоа, на Твитер, тој ги праша своите следачи - дали и тие го забележале тоа? Очекувано, тоа предизвика верига шеги и зајадливи коментари, па извесен Колин Каухерд, познат по своите коментари околу спортот, напиша: „Значи, Бејкер Мејфилд видел НЛО... Џо Монтана, Трој Ајкман и Том Брејди никогаш не виделе вонзејани. Претпочитам моите момци да не говорат за тоа!“ Рагби-легендата Том Брејди пак, споделувајќи ја објавата, праша: „Од каде знаеш дека никогаш не сум видел вонземјани, Колин?“ Се чини, приказнава ќе потрае.  си/ми/ https://twitter.com/i/status/1367543806996844547

Тагови

Остани поврзан