Работнички Скопје гостува во Естонија во првото коло на Челинџ купот
- Одбојкарките на Работнички Скопје во следните два дена ќе го одигра двомечот од првото коло од ЦЕВ Челинџ купот, на гостински терен, против естонски РАЕ Спортдикол.
Јури, 4 ноември 2025 (МИА) – Одбојкарките на Работнички Скопје во следните два дена ќе го одигра двомечот од првото коло од ЦЕВ Челинџ купот, на гостински терен, против естонски РАЕ Спортдикол.
Македонскиот тим од вчера се адаптираат во Јури, одработи и тренинг, додека првиот меч го играат вечер 18 часот, по македонско време, на кој се условно е домаќин.
Естонскиот ривал ја има фаворитската улога, но македонскиот претставник најави голема борба.
- Со двата натпревара против РАЕ Спортдикол во Естонија, Работнички Скопје го продолжува континуитетот со настапи на европската сцена петта година во низа. Се соочуваме со сериозна и искусна екипа, која е шампион во естонското првенство, а истовремено и освојувач на Балтичката лига, како и на Балтичкиот Суперкуп од пред еден месец. Тимот е составен од искусни и квалитетни играчи, четири од нив се репрезентативки на Естонија, земја во која се игра квалитетна одбојка. Максимално сме подготвени, но и внимателно влегуваме во овој двомеч, во кој и ние како екипа имаме свои адути. Верувам дека со максимално залагање, почитување и исполнување на тактичките замисли, дисциплинирана игра и борба за секој поен, можеме да дојдеме до позитивен резултат и да направиме еден голем исчекор напред на европската сцена, изјави Душко Деспотовски, тренерот на Работнички Скопје.
Во Челинџ купот, Работнички влегува со одлична серија од четири победи во исто толку натпревари на домашната сцена. зс/
Фото: ОФМ