• понеделник, 23 декември 2024

Работна средба во Собранието за унапредување на парламентарната етика

Работна средба во Собранието за унапредување на парламентарната етика

Скопје, 7 април 2023 (МИА) - Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието, пратеници, претставници на службата и експерти од областа, присуствуваа на работна средба на која се дискутираше за процесот на унапредување на системот на парламентарната етика, информираат од собраниската прес служба.

Средбата беше во организација на Програмата за парламентарна поддршка (ППП), Националниот демократски институт (НДИ) како и Центарот за управување со промени (ЦУП) кој ги презентираше наодите од истражувањето на перцепцијата на граѓаните за етичкото однесување на пратениците.

Настанот е одржан во просториите на Парламентарниот институт во Собранието.сх/лв/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан