• петок, 05 декември 2025

Работна посета на заменик - министерот за внатрешни работи Исени на СВР Битола

Работна посета на заменик - министерот за внатрешни работи Исени на СВР Битола

Скопје, 20 јуни 2025 (МИА) - Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, денеска беше во работна посета на СВР Битола, при што оствари средба со началникот на СВР Битола, Сашо Мирчески.

Како што соопшти МВР, на состанокот, заменик министерот Исени беше запознаен со редовните и тековните активности на секторот, а му беа презентирани и последните статистички податоци за криминалитетот, кои бележат тенденција на опаѓање.

Заменик министерот изјави дека е задоволен од покажаните резултати на СВР Битола во претходниот период и дека полицијата треба да продолжи со бескомпромисна борба со криминалот и на тој начин да ја зголеми довербата на граѓаните. ев/лв/

ФОТО: МВР

Остани поврзан