• четврток, 26 март 2026

Работилница „Учителот во ера на вештачка интелигенција“

Работилница „Учителот во ера на вештачка интелигенција“

Штип, 3 октомври 2025 (МИА) - По повод Денот на учителот - 5 Октомври, Факултетот за образовни науки при Универзитет Гоце Делчев - Штип денеска организира јавно предавање/работилница на тема „Учителот во ера на вештачка интелигенција“.

Работилницата ќе ја одржи Сашо Коцевски, професор од научната област вештачка интелигенција и системи од Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ -  Штип.

Професорот Коцески воедно е и автор на Водич за вештачка интелигенција наменет за наставници, стручни соработници и ученици, што беше подготвен од Факултетот за информатика при УГД - Штип, заедно со Министерството за образование и наука.

Факултетот за образовни науки оваа работилница ја организира во рамки на веќе почнатите предавања на важни општествени и образовни теми, насловени „Вештачка интелигенција и образование“. Работилницата е втор настан од овој серијал. На крајот од серијалот на оваа тема сите предавања кои ќе бидат одржани ќе бидат објавени во Зборник. мч/мд/

фото: Универзитет Гоце Делчев - Штип

Остани поврзан