Работилница на уметникот Џастин Кабриљос од Бруклин утре во МКЦ
- Во Младинскиот културен центар (МКЦ) утре Центарот за нови иницијативи во културата и уметност од Скопје - Локомотива ќе организира работилница со Џастин Кабриљос, кореограф, уметник и писате

Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Во Младинскиот културен центар (МКЦ) утре Центарот за нови иницијативи во културата и уметност од Скопје - Локомотива ќе организира работилница со Џастин Кабриљос, кореограф, уметник и писател кој живее и работи во Бруклин.
Работилницата е насловена „Канали на чувства” и истражува како емоциите циркулираат низ телото. Наменета е за изведувачи како и за оние без искуство, а се организира во соработка со „Movement Research“ од Њујорк.
Како што најавија од Локомотива, учесниците, заедно со Џастин ќе се движат користејќи слики, медитација и задачи кои охрабруваат различни начини на восприемање и отелотворување на емоционалните состојби и неименливите сензации.
-Практичните вежби ќе стават акцент на тоа како можеме индивидуално да се поврземе со различните емоции и чувства што се складираат/таложат во нашите тела. Целта на работилницата е да се раздвојат емоциите од физичкото, за да се откријат алтернативни начини на движење и како да се постои паралелно со овие емоции, соопштија организаторите.
Исто така, покрај работилницата, Џастин Кабриљос ќе одржи и предавање за студентите од танцовата насока на Универзитетот „Гоце Делчев” како дел од програмата GPS/Global Practice Sharing или ГПС/Глобални практики на споделување. Неговиот престој е е дел од резиденцијата „Танц во (не)демократија“ чија цел е поттикнување на колективно размислување, размена, разговори и споделување за улогите и праксите на танцовите уметници во општествени и политички ситуации.
Џастин Кабрилос е кореограф, танцов уметник и писател со седиште во Бруклин. Тој е резидентен уметник во за Movement Research 2017 во година. Бил истражувач за danceWEB во 2016 година на ImPulsTanz, и е добитник на Greenhouse грантот во 2011 година од Dancemaker's форумот во Чикаго, LinkUP (Чикаго) резидентен уметник во 2011 година и соработник од 2008 година на Факултетот за уметност Окс-Боу/ Ox-Bow. Тој е магистер на Факултетот за уметнички институт во Чикаго и магистер по англиска литература на Универзитетот во Вашингтон, Сиетл. бт/ац/

