Работилница за најмладите: „Безбедно во сообраќајот со велосипед и тротинет“ во Делчево
- авната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска во градскиот парк реализираа едукативна и интерактивна работилница за деца на тема „Безбедно во сообраќајот со велосипед и тротинет“.
Делчево, 22 август 2025 (МИА) – Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска во градскиот парк реализираа едукативна и интерактивна работилница за деца на тема „Безбедно во сообраќајот со велосипед и тротинет“.
На работилницата учествуваа вкупно 34 деца кои пристигнаа со свои велосипеди и тротинети и соодветна заштитна опрема. Преку практични вежби и совети од организаторите, тие имаа можност да стекнат нови знаења и вештини за безбедно движење во сообраќајот.
-Програмата опфати повеќе сегменти, меѓу кои: основни сообраќајни правила за велосипедисти и возачи на тротинети, важноста од користење заштитна опрема, насоки за безбедно движење низ градските улици, како и запознавање со најчестите грешки што ги прават младите учесници во сообраќајот и начини тие да се избегнат, информираа организаторите.

Според организаторите, реализацијата на вакви активности е од особено значење затоа што речиси секое дете во секојдневниот живот користи велосипед или тротинет.
-Целта е најмладите од најрана возраст да ја развиваат свеста за безбедност и одговорност во сообраќајот, да научат правилно однесување и да покажат почит кон сите останати учесници на патиштата, додадоа од Општинскиот Совет за безбедноста во сообраќајот на патиштата.
Работилницата претставува дел од пошироките активности што Јaвната локална бибиотека „Илинден“ и Советот за безбедност на сообраќајот на патиштата ги спроведуваат во Делчево со цел подигање на јавната свест и унапредување на културата на сообраќајна безбедност, особено кај најмладите. вс/свс
Фото: МИА