• петок, 05 декември 2025

Работен состанок на претседателот на Собранието Гаши со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ Беким Фетаји

Работен состанок на претседателот на Собранието Гаши со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ Беким Фетаји

Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска одржа работен состанок со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. Беким Фетаји, како и со претседателот на Синдикатот на Универзитетот, проф. Авни Авдиу, информира собраниската прес-служба. 

За време на средбата, соговорниците разговарале за можностите за зајакнување на соработката меѓу Собранието и академските институции, со посебен фокус на подобрување на квалитетот на образованието и потребата од одржливи реформи во оваа област.

-Беа разменети мислења за конкретни чекори што можат да се преземат за подобрување на условите за академскиот кадар и студентите, како и за зголемување на ефикасноста и транспарентноста на образовниот систем. Ректорот го информираше претседателот за развојните проекти и планови на Универзитетот, додека претседателот Гаши, од друга страна, изрази целосна подготвеност да ги поддржи овие напори, се вели во соопштението. 

Гаши го пофалил придонесот на Универзитетот „Мајка Тереза“ и целиот персонал во развојот на образованието во земјата, охрабрувајќи ги континуираните напори за квалитетно, современо и инклузивно образование. сст/дма/

Фото Собрание РСМ 

 

Остани поврзан