• сабота, 21 декември 2024

Работен состанок на Николовски со градоначалниците од СДСМ: Се следи работата и импементација на програмите

Работен состанок на Николовски со градоначалниците од СДСМ: Се следи работата и импементација на програмите
Скопје, 3 март 2021 Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва одржа редовен работен состанок со градоначалниците од редовите на СДСМ. На состанокот се разговараше за повеќе теми поврзани со работата на градоначалниците, степенот на реализација на програмите и проектите во интерес на граѓаните, капиталните инвестиции во општините, локалниот економски рзвој. Николовски зборуваше и за усвоениот акциски План за борба против корупција донесен од страна на Владата како дел од политиките на СДСМ и решителноста да се успее во борбата против ова зло кое со децении беше натоложено во општеството. Генералниот секретар Николовски порача дека оваа 2021 е важна година не само за тоа што следуваат локални избори наесен туку и поради фактот што токму оваа година е година на рестарт на економијата и стопанството и затоа од клучно значење е да има што поголема реализација на капитални проекти како на централно, така и на локално ниво. Николовски се осврна и на мерит системот на функционирање на партијата каде се мониторира и оценува работата на сите функционери на СДСМ. -Довербата на граѓаните во СДСМ е голема, ние сме фаворити на локалните избори. Оттука, нашата одговорност е уште поголема. Воспоставивме мерит систем, со кој ја следиме работата на сите избрани и именувани функционери од СДСМ како и мислењето, гласот на граѓаните. Тоа ќе биде клучно и понатаму, рече генералниот секретар Николовски. Истовремено тој ја потенцираше и важноста на Акцискиот план за борба против корупцијата усвоен од страна на Владата предводена од СДСМ и поддршката за негова целосна реализација. - Ред, правда и дисциплина се приоритетите од кои се води СДСМ како одговорна, државничка партија. Тоа треба да го практикува секој од нас како на централно, така и на локално ниво. Како носители на локалната власт и довербата што ви е дадена од граѓаните очекувам активно да се вклучите во оваа заедничка борба, да дадете свој конкретен придонес во спречувањето на коруптивното дејствување на локално ниво, во органите на локалната самоуправа.  Сите очи со право се вперени во нас, во носителите на важни функции. Борбата против корупцијата, против непотизмот, против злоупотребите на службената положба започнува од нас. Ние сме на иста страна со граѓаните,  на страната на правдата и неселективната борба против корупција.  Нашата мисија е постојано да им служиме на граѓаните и од тоа отстапка нема, заклучи Николовски. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан