Пјастри победи на ГН на Мајами, а Верстапен четврти
- Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, доцна синоќа победи на трката за Големата награда на Мајами.
Мајами, 5 мај 2025 (МИА) - Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, доцна синоќа победи на трката за Големата награда на Мајами.
Неговиот тимски колега Ландо Норис го освои второто место, а возачот на Мерцедес Џорџ Расел ја заокружи првата тројка.
Актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој стартуваше од пол-позицијата, заврши на четвртото место.
Следната трка во Формула 1 шампионатот, Големата награда на Емилија Ромања, ќе се вози во Имола, Италија, на 18 мај.
Во поредокот за возачи лидер е Пјастри со 131 бод, Норис има 115, Верстапен е трет со 99, Џорџ Расел собра 93.
На табелата кај конструкторите води Мекларен со 246 бода, пред Мерцедес со 141, трет е Ред Бул со 105. зс/
Фото: ЕПА