Пјастри и Норис ќе стартуваат од првиот ред за ГН на Шпанија
- Дуото на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, ги остварија најбрзите времиња во квалификациите за Големата награда на Шпанија на патеката „Каталуња“ во близина на Барселона.
Барселона, 31 мај 2025 (МИА) - Дуото на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, ги остварија најбрзите времиња во квалификациите за Големата награда на Шпанија на патеката „Каталуња“ во близина на Барселона.
Битката за пол-позицијата се претвори во пресметка помеѓу Пјастри и неговиот колега од Мекларен, која на крајот ја доби Австралијанецот со извонреден последен круг. Во неа, тој постигна време од 1:11.546, за да го победи Норис, кој ќе стартува втор, со заостанување од 0,209 секунди. Ова е исто така најголемата разлика помеѓу првите двајца во квалификациите од почетокот на сезоната во Формула 1.
Вториот ред ќе го делат Макс Верстапен и Џорџ Расел, кои поставија исто време, 0,302 зад Пјастри. Сепак, предноста му припаѓа на светскиот шампион Верстапен, кој го заврши својот круг кратко пред Расел.
Зад двајцата во третиот ред ќе бидат Луис Хамилтон и Андреа Кими Антонели, додека Шарл Леклер и Пјер Гасли ќе го формираат четвртиот ред. Леклер не го заврши последниот летечки круг на крајот од квалификациите бидејќи остана без нови меки гуми поради фактот што мораше да направи дополнително возење на патеката во втората фаза.
Првите 10 на стартот утре ќе бидат формирани од Исак Хаџар и првиот од претставниците на домаќините - Фернандо Алонсо, кој остана десетти, иако беше исклучително задоволен од својот единствен круг во третиот квалификациски дел. дс
Фото: Архива