• петок, 05 декември 2025

Пјастри и Норис се судрија во првиот круг од спринтот во Остин

Пјастри и Норис се судрија во првиот круг од спринтот во Остин

Остин, 18 октомври 2025 (МИА) - Возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис, се судрија за време на спринтот пред Големата награда на САД.

По стартот, Пјастри го допре автомобилот на Нико Хулкенберг, по што тој се удри во автомобилот на неговиот клупски колега.

По инцидентот болидите на Пјастри и Норис не беа во возна состојба па двајцата возачи се откажаа од трката. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан