• среда, 27 ноември 2024

ПЦР-тестот во Грција не смее да биде поскап од 47 евра

ПЦР-тестот во Грција не смее да биде поскап од 47 евра
Атина, 4 јануари 2022 (МИА) – Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачите на Министерството за развој и инвестиции на Грција направи промени во ограничувањата на цените за ПЦР-тестовите во приватните клиники и дијагностичките лаборатории и од четврток плафонот е 47 евра, наспроти 60 колку што беше досега, јави дописничката на МИА од Атина. Во овие 47 евра вклучена е цената за потребните реагенси и потрошен материјал, во максимална висина од 35 евра и цената за услугата односно за земањето примерок во приватните лаборатории што не смее да надмине 12 евра. Дозволени се промени во цената само во случај доколку тестирањето се врши вон клиниките. Со зголемениот број нови случаи на Ковид-19, пред државните болници и јавни установи што вршат бесплатни тестирања веќе неколку дена има редици од граѓани, но и во приватните лаборатории сликата не е поразлична, иако таму, ПЦР-тестот чини 60 евра, нешто што од четврток ќе се промени. Од друга страна, плафонот за рапид тестовите е десет евра, како во приватните болници, приватните лаборатории и слично, така и во аптеките. ср/

Остани поврзан