Пуштен за сообраќај патот Берово-Кочани
- Од 19:45 часот е пуштен за сообраќај регионалниот пат Берово-Кочани, поточно од Смојмирската крстосница кон Кочани, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.

Скопје, 6 август 2021 (МИА) - Од 19:45 часот е пуштен за сообраќај регионалниот пат Берово-Кочани, поточно од Смојмирската крстосница кон Кочани, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.
Овој патен правец од попладнево беше затворен за сообраќај поради намалена видливост од пожар. бак/