• петок, 05 декември 2025

Пуштен во употреба кинескиот носач на авиони Фуџијан

Пуштен во употреба кинескиот носач на авиони Фуџијан

Пекинг, 7 ноември 2025 (МИА) – Претседателот на Кина, Си Џинпинг присуствуваше на церемонијата на пуштање во употреба на првиот носач на авиони Фуџијан, во јужната кинеска покраина Хајнан.

Фуџијан ќе може да носи многу повеќе и многу потешко вооружени авион ловци  носачите на авиони Лјаонинг и Шандонг. Новиот носач на авиони има рамна палуба и електромагнетни катапулти за разлика од другите два, кои се помали и користат рампи за лансирање авиони.

Пред церемонијата за Фуџијан, кинеската морнарица претстави нова верзија на авионот ловецот Шенјанг J-35, дизајниран за носачи на авиони, како и извидувачкиот авион Ксијанг КЈ-600 и нова модификација на ловецот Шенјанг J-15. ми/

фото: Икс

Остани поврзан