Пуштена во употреба нова џамија во тетовската населба Дреновец
- Во населбата Дреновец во Тетово денеска беше организирана верска церемонија по повод отворањето на новата џамија, информираат од тетовското муфтивство при Исламска верска заедница.

Тетово, 15 октомври 2022 (МИА) - Во населбата Дреновец во Тетово денеска беше организирана верска церемонија по повод отворањето на новата џамија, информираат од тетовското муфтивство при Исламска верска заедница.
На отворањето присуствуваше и поглаварот на ИВЗ Реис Шаќир еф.Фетаи кој се обрати до верниците и ја водеше пладневната молитва.
Присутните ги поздрави и тетовскиот муфтија, кој им се заблагодари на сите кои придонесле за изградбата на новата џамија.ас/