• сабота, 16 ноември 2024

Путин: Утре во Русија ќе биде ден на национална жалост

Путин: Утре во Русија ќе биде ден на национална жалост

Москва, 23 март 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека утре во Русија ќе биде ден на национална жалост поради жртвите од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ ​​во Москва.

„Го прогласувам 24 март за ден на национална жалост“, рече Путин во обраќањето до Русите по терористичкиот напад.

Бројот на загинати во терористичкиот напад во концертната салата „Крокус“ ​​во близина на Москва се зголеми на 143, соопшти денеска Кремљ.

Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област. 

Прес-службата на Кремљ соопшти дека уапсени се 11 лица. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан