Путин: Руската флота е способна да открие и уништи која било цел
- Рускиот претседател Владимир Путин на големата поморска парада во Санкт Петербург денеска изјави дека руската флота е способна да открие и уништи „која било цел“.

Москва, 25 јули 2021 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин на големата поморска парада во Санкт Петербург денеска изјави дека руската флота е способна да открие и уништи „која било цел“.
Главната парада се одржува по повод 325-годишнината од формирањето на руската флота.
- Денес, руската флота има се што е потребно за непогрешливо да ја брани татковината и нашите национални интереси. Ние сме способни да откриеме каква било непријателска цел под вода, на површината или во воздухот и да нанесеме смртоносен удар, доколку е потребно, рече Путин.

Во Санкт Петербург вечер во 20 часот ќе се одржи свечен артилериски почесен оган, но поради епидемиолошките мерки нема да има публика.